Германската Федерална канцеларија за цивилна заштита и помош при катастрофи (BBK) објави нов водич за граѓаните за справување со кризи и катастрофи. Водичот дава препораки како да се подготвите за различни итни ситуации, од изненаден прекин на струја и екстремни временски услови до болест или празни рафови во продавниците.
„Дури и во една од најбезбедните земји во светот, кризи можат да го нарушат нашето секојдневие. Понекогаш дури и војна веќе не изгледа невозможна како пред неколку години“, наведува BBK.
Што треба да имате подготвено:
- Залива на храна за најмалку 10 дена (или барем 3 дена како минимум).
- Храна која не бара ладење и не се расипува при прекин на струјата.
- Храна која може да се приготви со малку енергија или без готвење.
- Вода: најмалку 2 литри по лице дневно.
BBK истакнува дека при составување на залихите треба да се земат предвид личните преференции, алергии и можностите за складирање.
Пакет за преживување:
Граѓаните на ЕУ се советуваат да имаат „пакет за преживување“ кој содржи основни намирници и ресурси за справување со кризни ситуации.
Во водичот се потенцира и значењето на точни информации и правилни препораки за постапување, особено во време на дезинформации и лажни вести кои можат да предизвикаат паника или погрешна процена на ситуацијата. BBK предупредува дека дезинформациите се особено опасни за време на кризи и катастрофи.
Новата верзија на водичот исто така ја зема во предвид и темата на војната, поради зголемените прашања и загрижености на граѓаните, особено во контекст на руската агресија врз Украина.