Трамп: Ако Хамас продолжи да убива луѓе во Газа, ние ќе дојдеме и ќе ги убиеме

„Ако Хамас продолжи да убива луѓе во Газа, што не е дел од договорот, ќе немаме друг избор освен да влеземе и да ги убиеме“, порача Трамп.

Доналд Трамп се закани дека САД ќе „убијат“ членови на Хамас ако групата продолжи да убива цивили во Газа, објави американскиот претседател на социјалната мрежа „Truth Social“.

„Ако Хамас продолжи да убива луѓе во Газа, што не беше дел од договорот, нема да имаме друг избор освен да влеземе и да ги убиеме“, напиша Трамп.

Пораката доаѓа по извештаите за судири меѓу борците на Хамас и милициите во Газа откако израелските сили делумно се повлекоа, и по размената на заложници и затвореници во понеделникот.

Извештаите, исто така, укажуваат дека Хамас егзекутирал луѓе што ги обвини за соработка со Израел.

Трамп претходно изјави дека судирите „не го мачат“ и не го поткопуваат неговиот мировен план. 

Зачлени се на нашиот е-билтен