До крајот на овој месец Министерството за финансии ќе го достави предлог-буџетот за следната година до Владата и дотогаш ќе се знае дали ќе има промени во стапката на данокот на додадена вредност (ДДВ) за становите.
Неодамна Министерството достави до Собранието предлог за измени во Законот за ДДВ со кои малите пратки ќе се даночат со стапка од 18 отсто. Во тој предлог други измени не се предвидени, па луѓе од бизнисот за Блумберг претпоставуваат дека тоа значи дека нема да има промени на повластената стапка за становите.
ДДВ за новите станови изнесува пет отсто од 2010 година, кога првпат ова решение беше усвоено како привремена мерка. Претседателот на Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија, Андреа Серафимовски, во разговор за телевизијата „Блумберг Адрија“ вели дека и годинава, како и во годините кога привремената мерка требаше да заврши, тие поднеле иницијатива за нејзино продолжување.