Две лица загинаа, а околу 80 лица се повредени и се транспортираат во Општата болница во Сремска Митровица, откако автобус на превозникот „Сирмиум бус“ што превезувал работници на компанијата „Хелткер“ се превртел во близина на Сремска Митровица, соопшти МВР на Србија.

Министерството за внатрешни работи наведува дека автобусот, од непознати причини, излетал од патот и се превртел. Несреќата се случила денеска околу 14:45 часот.
Припадници на полицијата и службите за итни случаи, како и дежурниот обвинител на Основното јавно обвинителство во Сремска Митровица, се на местото на несреќата.