TasteAtlas ја објави листата: „11 најслабо оценети македонски јадења“, некои се контрадикторни

Познатата гастрономска платформа TasteAtlas ја објави својата најнова листа на најслабо оценети традиционални јадења од Македонија. Според рангирањето, кое се базира на над 2.000 оценки од корисници, 11 македонски јадења се најдоа меѓу најниско оценетите според вкусот на меѓународната публика.

Иако ваквите листи често предизвикуваат полемики, авторите на TasteAtlas напоменуваат дека нивната цел не е деградирање на традиционалната кујна, туку поттикнување љубопитност и гордост кон локалните јадења.

Кукурek

Овој традиционален специјалитет од јагнешки изнутрици — црева, трипчиња и понекогаш џигер — се приготвува со долг процес на чистење и варење, а потоа се пече со зачини, лук, моркови и вино. Иако е деликатес за љубителите на јак вкус, за неупатените може да биде „предизвик“.

Чомлек

Популарно јадење од Битола, подготвено со телешко месо, ситни кромидчиња и лук, варено со црвено или бело вино и зачини. Готвењето трае со часови, а вкусот е длабок и ароматичен.

Симит-погача

Редок специјалитет од Скопје — лепче полнето со празен бурек. Се јаде наутро со јогурт и денес го подготвуваат само неколку традиционални пекари во градот.

Simit pogaca

Компир манџа

Симбол на сиромашката трпеза — едноставен компир гулијаш со кромид, морков, пипер и брашно. Топол и заситен оброк кој често се служи со салата.

Макало

Едно од најтрадиционалните македонски јадења — мешавина од лук, масло, сол и оцет, а понекогаш и ореви, пиперки, млеко или јогурт. Се јаде со леб и сирење.

Крушевски локум

Домашен десерт од Крушево, сличен на турскиот локум, приготвен од шеќер, вода и скроб. Постојат две варијанти — обичен и со ореви. Рецептот се пренесува во семејствата веќе речиси еден век.

Ширден

Прилепски специјалитет направен од јагнешки желудник, наполнет со мешавина од месо, кромид, пипер и зачини, печен во глинен сад со маст. Се служи со вино.

Качамак

Едноставно јадење од пченкарно брашно варено во солена вода, слично на полента. Се јаде со сирење, јогурт или кајмак, особено за појадок.

Ѓомлезе

Традиционална охридска пита подготвена со повеќе слоеви тесто премачкани со масло. Се пече под саќ, а денес често се збогатува со сирење и јајца.

Козињак

Слатко плетено тесто што се прави за Велигден и Божиќ. Се подготвува со кора од лимон или портокал, суво овошје и се посипува со шеќер.

Слатко од диви смокви

Традиционално џемче од југоисточна Македонија, направено од ситни диви смокви. Се служи како дел од домашното гостопримство — лажичка слатко и чаша вода.

TasteAtlas наведува дека рангирањето е изработено врз основа на 2.114 оценки, од кои 883 се признати како автентични од нивниот систем за проверка.
Платформата истакнува дека оваа листа не треба да се сфати како конечна оцена, туку како начин за популаризација на локалната кујна и традиција.

„Ако не си навикнат на вакви јадења, може да ти изгледаат чудни. Но, ние сме народ кој знаел да направи нешто од ништо,“ коментира една корисничка од Македонија под објавата.

Зачлени се на нашиот е-билтен