(ВИДЕО) Израел објави снимка од ликвидација на милитанти во Газа

Израелската војска (IDF) соопшти дека денеска во северниот дел на Појасот Газа убила неколку вооружени палестински милитанти кои се приближиле до израелските сили.

Според соопштението, група вооружени мажи ја преминала таканаречената „Жолта линија“ – граница до која израелската армија се повлече во согласност со условите на тековното примирје – во областа Бејт Лахија, на северот на Газа. Според IDF, тие претставувале непосредна закана за израелските сили.

Воените власти информираа дека милитантите биле нападнати со дрон со цел да се отстрани заканата. Израелската армија објави и видео снимка од нападот, со предупредување дека содржината може да биде вознемирувачка за некои гледачи.

Ги предуредуваме читателите дека снимката е вознемирувачка.

Зачлени се на нашиот е-билтен