Софија виа Будимпешта: Радев ја повика Унгарија да ја убеди Македонија за уставните измени

Радев

Радев ја повика Унгарија да ја убеди Македонија за уставните измени, пренесуваат бугарските медиуми по средбата на претседателот на Бугарија со неговиот унгасрки колега Тамаш Сујок.

„Разговаравме за ситуацијата во Западен Балкан и проширувањето на ЕУ. Бугарија останува движечка сила зад овие процеси и ние ги поддржуваме нашите соседи на европскиот пат, но инсистираме проценката да се прави врз основа на сопствените заслуги. Ја повикав унгарската страна, која има растечки пријателски односи со Северна Македонија, да ги убеди нашите браќа дека промената на Уставот и европскиот консензус се неотповиклив услов за членство во ЕУ“, изјави претседателот Румен Радев по средбата со Тамаш Сујок.

„Одлична можност да се продолжи со конструктивниот дијалог. Ги забележуваме вековните историски и културни врски меѓу вашите две земји“, рече Радев.

Нашето партнерство е примерно, нагласи тој, истакнувајќи: „Унгарија е меѓу водечките странски инвеститори во нашата земја, трговијата расте. Во рамките на ЕУ, имаме слична позиција дека поврзаноста е важен услов за економски развој.“

„Соработката во енергетиката со напорите за нови интерконекции и диверзификација на снабдувањето со гас е индикативна. Ова е признато со благодарност од унгарската страна“, продолжи Радев.

Бугарскиот шеф на државата ѝ се заблагодари на Унгарија за нејзината поддршка за приклучување кон Шенген и за зачувување на споменот на бугарските војници од Втората светска војна.

„Бугарската заедница во Унгарија има важно место. Му благодарам на претседателот Шујок што ги вклучи претставниците на овие организации во неговата делегација“, рече Румен Радев.

Ставот за мир преку дипломатија во Украина е рационален, рече Радев за уште една од темите што се дискутираа, во контекст на претстојната средба меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, во Будимпешта.

Зачлени се на нашиот е-билтен