На Instagram профилот Forummapping се појави необична мапа што за кратко време стана вирална, прикажувајќи симболични надимци на европските главни градови, создадена со помош на вештачка интелигенција.
Мапата, инспирирана од историјата, културата и духот на секој град, на креативен начин им „тепа“ на престолнините нови имиња. Така, Сараево е претставено како „Европски Ерусалим“, поради вековната традиција на соживот меѓу различни религии и култури.
Загреб го добил надимакот „Мали Беч“, што асоцира на неговата архитектура и културна сцена од времето на Австроунгарија, додека Белград е именуван како „Бели феникс“, во чест на неговата способност да се воздигнува од пепелта по бројните разурнувања низ историјата.
Љубљана е наречена „Градот на змејовите“, според легендите и симболите поврзани со овој митски лик кој го краси и нејзиниот грб, а Подгорица – „Град под ридот“, што директно асоцира на нејзиното име и положба под брдо Горицa.
Креативната мапа предизвика лавина од коментари и шеги на социјалните мрежи.
Доколку мапата ја опфати и Скопје, веројатно би било наречено „Ѓубренце“, како ироничен одраз на секојдневната урбана реалност.
Оваа дигитална мапа е пример како вештачката интелигенција, преку креативност и хумор, може да понуди нов, симболичен поглед на европските престолнини – и да поттикне малку самоиронија кај сите нас.