Бугарија бара апсење на германски државјани за пожарот на антените на „Старлинк“ во Софија

„Старлинк“

Бугарските власти издадоа меѓународна потерница за двајца германски државјани, осомничени за подметнување пожар на антени на „Старлинк“ во близина на главниот град Софија.

Судот во Софија го одобри европскиот налог за апсење откако обвинителите изјавија дека осомничените го извршиле планираниот напад за само неколку часа, додека престојувале во Бугарија на 9 октомври. Тие се идентификувани како Тирпан Бејтула и Зека Ислам, а против нив е покренато обвинение во нивно отсуство.

Во обвинението се наведува дека три антени биле целосно уништени, две биле делумно оштетени, а уште три претрпеле оштетувања од пламените јазици.

Двајцата наводно влегле во Бугарија со автомобил со германски регистарски таблички преку граничниот премин „Калотина“, а неколку часа подоцна ја напуштиле земјата преку истиот премин.

На одлуката на судот може да се поднесе жалба, но доколку бидат прогласени за виновни, на двајцата мажи им се заканува затворска казна во траење од три до 12 години.

Слични напади со подметнување пожари на антени, проследени со апсења на осомничени, неодамна се случија и во Полска и Литванија, чии власти ја поврзаа саботажата со Русија. Украина ги користи антените на „Старлинк“ за воени комуникации.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?