Директорката на Лувр ја обвини застарената безбедносна опрема за кражбата на накит вреден 88 милиони евра

Директорката на музејот Лувр во Париз, Лоренс де Кар, изјави дека застарениот систем на надзорни камери е главната причина што не успеале навреме да ги откријат крадците кои минатиот викенд украле кралски накит вреден околу 88 милиони евра.

Според неа, надворешните камери не го покривале целиот фасаден дел на музејот, а прозорецот преку кој провалиле сторителите не бил под надзор. Крадците користеле дизалица за да се искачат на катот, скршиле прозорец и побегнале со мотор по кражбата.

Де Кар откри дека повеќе пати предупредувала дека безбедноста на историската зграда е во лоша состојба и дека по инцидентот понудила оставка до француската министерка за култура Рашида Дати, која ја одбила.

Зачлени се на нашиот е-билтен