Пакистанската армија денеска соопшти дека убила 20 пакистански талибанци во северозападниот дел од земјата, во близина на границата со Авганистан.
Армијата додаде дека убиените талибанци биле од забранетата милитантна организација ТТП, која и САД и Обединетите нации ја означија како терористичка организација.
ТТП е одвоена од авганистанските талибанци, но е во сојуз со нив и често ја презема одговорноста за нападите во Пакистан.
Пакистан и Авганистан за време на викендот меѓусебно се обвинија за неуспехот на третата рунда мировни преговори во Истанбул.
Разговорите, посредувани од Катар и Турција, започнаа минатиот месец откако во смртоносните гранични судири загинаа десетици војници и цивили.

