Полицијата во Нигерија соопшти дека вооружени напаѓачи киднапирале 25 девојчиња од едно средно училиште во сојузната држава Кеби.
Во нападот била убиена една вработена во училиштето, а уште една личност е повредена.
За случајот засега нема повеќе информации.
Киднапирањата на ученици се честа појава во северниот дел на земјата, а ваквите напади ги извршуваат вооружени групи уште од 2014 година.
Извор:N1info.rs

