СДСМ покренува постапка за исклучување на советник од Општина Карпош

СДСМ денеска соопшти дека Извршниот одбор на партијата донел одлука да започне постапка за исклучување од членство на член на Советот на Општина Карпош, поради непочитување на партиските одлуки и ставови и постапување спротивно на интересите на партијата.

Од СДСМ информираат дека советникот гласал за избор на претседател на Советот на Карпош спротивно на официјалните партиски позиции. Според Статутот на партијата, непочитувањето на одлуките и работењето спротивно на интересите на СДСМ, како и нанесувањето значителна штета на организацијата, претставува основ за одговорност, што важи и за сите избрани советници.

https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=1389924235832398&id=100044445038982&mibextid=wwXIfr&rdid=Udz8xVBXQNACbKwd&share_url=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fshare%2Fp%2F1Gf8MN3azF%2F%3Fmibextid%3DwwXIfr#

Партијата дополнително ги осуди, како што наведуваат, сите притисоци, уцени и закани врз советниците од локалните совети од страна на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека ќе преземе соодветни мерки за нивна заштита.

Зачлени се на нашиот е-билтен