„Племето и семето да му се сотре“, „Продадени души и Бог не сака“, „Терористот Џафери ќе ги чествува светите Кирил и Методиј! Неверојатно! Ја зеде ли нусата со него? Зар нема Македонци? Срам и резил!“… со ваков вокабулар на Фејсбук се изразуваат возрасни и семејни луѓе, родители, т.н. патриоти, мразачи, верници (христијани), чеда на Александар Македонски и Гоце Делчев и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, за веста дека претседателот на Собранието, Талат Џафери и македонска делегација присустувале на молебен во базиликата „Сан Клементе“ во чест на Свети Кирил и на аудиенција кај папата Франциск.
Нема да ја коментираме писменоста на овие мразачи… Но, се надеваме дека до следното честување на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј ќе научат да пишуваат правилно и дека ќе престанат да користат говор на омраза.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ