Министерствтото за правда информира дека Предлог Законот за Судски совет е доставено до Европската комисија и дека по добиеното мислење, истиот ќе се поднесе во собраниска процедура.
Оттаму додаваат дека станува збор за конструктивен и содржаен документ кој доби позитивно мислење и од Венецијанската комисија.
„Клучни новини кои се предвидени со Законот: Јавност во постапкатата за разрешување на претседател/заменик на Советот, постапката мора секогаш да биде транспарентна; Прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник”; Воведување јавна расправа за кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност; Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите; Унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ“ наведубаат од Правда.
Според нив, за првпат, ќе има објективно оценување на нивната работа, транспарентност во носењето одлуки и механизми за одговорност и на самите членови на Советот, една од клучните точки што ја нотираше и Оценската мисија на ЕУ.