Филипче: Утре следува нова бомба за корупциска шема на власта, работата не е завршена

Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека партијата утре ќе презентира нов скандал, нова корупциска шема на власта.

„Ние ги спремивме новите бомби 2.0 и најавувам дека утре следува нова. Нов скандал, нова корупциска шема — се членови на владејачката гарнитура. За сè имаме докази, имаме документи и ќе ги прикажеме во јавноста. Превенцијата не успеа, а корупцијата ескалираше и сето ова мора да се истражи, затоа што крадењето мора да престане. Секој што крадел ќе одговара. Борбата продолжува, работата не е завршена“, истакна Филипче.

Антикорупцискиот тим на СДСМ продолжува со објавување на криминалот на власта на Христијан Мицкоски.

Утре, со почеток во 09.00 часот ќе биде објавен нов скандал, нова бомба: Како се „чисти“ Буџетот?

Од СДСМ покануваат јавноста да ја проследите прес конференцијата утре, сабота, 09.00 часот, во седиштето на партијата на којашто ќе се обрати членот на Централниот одбор на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен