Паника на аеродром: Авион на LATAM се запали по слетување, но сите патници се спасени

Ербас А320 со 180 лица евакуиран откако кабината се наполнила со чад и се појавил пламен под крилата. Избегната е голема трагедија поради итната реакција на екипажот

Според извештаите на медиумите, Ербас А320 на LATAM слетал откако кабината одеднаш се наполнила со чад, а патниците низ прозорците забележале пламен под крилата.

Веднаш започнала итна евакуација на 180 лица. Патниците биле спуштани по рампи и потоа во паника трчале по пистата. Снимките што кружат на интернет го прикажуваат авионот во пламен, додека луѓето бегаат и врескаат.

Службите за итни случаи реагирале веднаш. Медиумите објавуваат дека за среќа, немало повредени. Брзата акција на екипажот ја спречил катастрофа, бидејќи пожарите во натоварениот авион со патници, најчесто завршувале трагично.

Сè уште не се знаат причините за несреќата, а истрагата е во тек.

Зачлени се на нашиот е-билтен