Струга доби магичен Winterland – Набизи ги израдува и децата и возрасните

Струга

Во пресрет на новогодишните празници Струга украсена како во бајките, онака како што доликува на еден туристички град.

Овој пат за тоа се погрижи и компанијата Небизи Ритејл која во новогодишен, бајковит стил, го уреди паркот кај обиколницата од Струга кон Ќафасан.

Граѓаните посетителите одушевени коментираат: „Подобро украсено од Скопје“, „Како да си во Берлин“, „Одличен потег што и носи радост на Струга“.

Во градот веќе се чуствува новогодишната еуфоријата, се организираат претпразнични забави. Хотелиерите очекуваат полни туристичките капацитети, а забележително е присуството на туристи во градот, како и на оние кои се на работа во странство, а кои празниицте ги минуваат во родното огниште.

Зачлени се на нашиот е-билтен