Обвинет за убиство тинејџер кој избодел девојче (9) во Лондон

Петнаесетгодишно момче е обвинето за убиство на деветгодишно девојче од Лондон, објави BBC.

Според наводите, девојчето било пронајдено мртво во куќа во едно лондонско население, нешто по 18 часот по средноевропско време, во понеделникот.

Обдукцијата покажала дека прелиминарната причина за смртта е една убодна рана, соопшти полицијата.

Осомничениот тинејџер, чие име не може да биде објавено поради неговата возраст, и натаму се наоѓа во притвор и треба да се појави пред суд во Бристол.

Џен Еплфорд од полицијата на Авон и Сомерсет изјави дека е „невозможно на соодветен начин да се опише колку последните 36 часа беа трауматични“ за семејството на Арија.

„Трагичната загуба на толку младо девојче предизвика огромен шок и тага, а длабокото чувство на загуба се чувствува низ целата заедница“, додаде таа, пренесе BBC.

Зачлени се на нашиот е-билтен