Џулијан Асанж поднесе кривична пријава против Нобеловата фондација поради наградата за мир

Оснoвачот на Викиликс, Џулијан Асанж, денеска поднесе кривична пријава против Нобеловата фондација поради доделувањето на Нобеловата награда за мир на Марија Корина Мачадо од Венецуела. Асанж тврди дека доделувањето претставува злоупотреба на фондот и овозможува извршување на воени злосторства според шведскиот закон.

Во пријавата, Асанж ги обвинува 30 лица поврзани со фондацијата, вклучително и нејзиното раководство, за тешка злоупотреба на средства, олеснување на воени злосторства и злосторства против човештвото и финансирање на злосторства на агресија. Тој истакнува дека testamentот на Алфред Нобел од 1895 година јасно пропишува дека Нобеловата награда за мир треба да оди кај личност која најмногу придонела за човештвото, за братство меѓу народите и за укинување или намалување на армиите.

Асанж бара замрзнување на средствата што треба да ѝ бидат исплатени на Мачадо и посочува дека доделувањето на наградата, според него, е спротивно на намерата на Нобеловиот тестамент.

Зачлени се на нашиот е-билтен