Што се случува со достапноста на јавното домување во Европа?

домување

Новиот policy brief на Прогрес Институтот и партнерите покажува дека кризата со домувањето во Европа е структурна, цените и кириите растат побрзо од приходите, а социјалната заштита и регулацијата заостануваат. Во фокус се три фронта релевантни и за Северна Македонија: Недостиг на јавни/достапни станови, енергетска сиромаштија и краткорочно изнајмување (на пр. станови/соби што се издаваат на денови или недели, често преку платформи како Airbnb/Booking).

Брифот за политиките за домување произлегува од истражувањето за кризата со домувањето во Европа, поткрепен со три студии на случаи (Финска, Грција и Република Северна Македонија), со клучни факти и препораки за европски одговор и визуелен преглед.

Зошто е важно за Северна Македонија и за регионот

Иако Северна Македонија не е членка на ЕУ, истите структурни притисоци (раст на трошоци, слаб развој на социјално домување, енергетска сиромаштија и туристички/пазарни шокови) влијаат врз урбаните центри и ранливите домаќинства. Материјалите посочуваат и дека кај нас недостигаат стандардизирани мерења и податоци за бездомништво и енергетска сиромаштија, што ја отежнува политиката базирана на докази.

Анализата на европски трендови и политики (со користење на официјални статистики и постоечка литература) и компаративни „factsheets“ за трите земји опфатени со истражувањетоима за цел да ги прикаже различни модели и ризици на европската периферија.

„Ова истражување покажува дека кризата со домувањето не е ‘пазарен циклус’, туку структурен проблем и дека без јавен фонд на достапни станови, социјални заштити во зелената транзиција и јасни правила за краткорочни наеми, нееднаквостите ќе растат“, вели Марко Михаилоски, извршен директор на Прогрес Институт за социјална демократија.

Дефинициите за „јавно“ и „социјално“ домување се разликуваат по земји, а во однос на Северна Македонија се нагласуваат податочни празнини во однос на бездомништво и енергетската сиромаштија.

Сепак, од истражувањето се изведуваат следните клучни наоди:

• 8.8% од домаќинствата во ЕУ трошат над 40% од приходот за домување (2023).
• Од 2010–2025: цените на станови во ЕУ пораснале просечно 57.9%, а кириите 27.8%.
• Најмалку 895,000 лица се бездомни (спиење на улица/итно сместување) во земјите членки.
• Во Северна Македонија: енергетска сиромаштија 24% (2020); државата нема јасна методологија и постои ризик од потценување.
• Националниот фонд на социјално домување е под 2,000 единици, а делот на празни станови е висок (307,187 од 839,174 вкупно).
• Краткорочните изнајмувања (STR) се растечки фактор во Европа; материјалите нотираат потреба од регулација и локална автономија.

Согласно клучните наоди, методологијата на истражувањето вклучува и импликации и препораки за надминување на кризата со домувањето, меѓу кои се издвојуваат следните укажувања:

• Да се прошири јавниот/непазарен фонд на станови (јавни, општински, непрофитни/кооперативни) како долгорочно решение, со јасни социјални услови.
• За енергетска сиромаштија: да се приоритетизираат грантови и длабински реновирања за најранливите, со заштити од „реновикција“ и поскапувања по реновирање.
• За краткорочно изнајмување (STR): да се засили локалната регулација, транспарентноста и поврзувањето со антиспекулативни мерки (даноци/ограничувања каде има притисок).

Автори на студијата за кризата со домувањето во Европа ја изработија Димитра Сиатитса, Мериç Озгүнеш и Стефанија Гифтопулу, додека за Северна Македонија истражувач беше Билјана Дуковска.

Студијата е во издание на Фондацијата за европски прогресивни студии (FEPS), во партнерство со Прогрес – Институт за Социјална Демократија, Eteron и Kalevi Sorsa Foundation.

Истражувањето „Tackling the Housing Crisis in Europe“ беше промовиравме во Европскиот парламент на 9 декември, е повеќе за студијата и за промоцијата може да се прчита на следните линкови:

• Публикација: https://feps-europe.eu/publication/tackling-the-housing-crisis-in-europe/

• Настан: https://feps-europe.eu/event/tackling-the-housing-crisis-in-europe/

Зачлени се на нашиот е-билтен