Пратениците во Собранието ги усвоија законските измени со кои треба целосно да заживее системот „Безбеден град“. Изгласани се измените во Законите за возила, за полиција, за извршување санкции и за безбедност на сообраќајот, додека измените во Законот за прекршоци се уште во второ читање. Паралелно, предложени се и измени во Кривичниот законик, со цел усогласување со новиот пакет мерки.
Редакцијата на порталот „Призма“ детално ги прочита измените во повеќе законски решенија поврзани со деталното ја уредувње на постапката – од евидентирање на прекршокот, преку известување на сторителот, па сè до изрекување на најстрогите санкции. Системот „Безбеден град“ треба целосно да профункционира од 1 февруари.
Според законските измени, возач кој трипати во рок од четири години ќе добие правосилна забрана за управување возило од иста категорија, ќе остане без возачката дозвола. Судот ќе ја одземе дозволата, а сторителот нема да смее повторно да полага возачки испит најмалку една година.
По донесувањето на судската одлука, таа ќе се доставува до Министерството за внатрешни работи, по што возачот ќе биде известен преку СМС или имејл дека возачката дозвола престанува да важи во рок од осум дена. Забраната за управување возило може да трае од еден месец до една година, а податоците за изречените мерки ќе им бидат достапни и на граничните служби.
Сите останати детали на оваа теме ги има „Призма“, во текстот со наслов: Со три забрани за возење – „збогум“ на возачката