Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Турската лира падна речиси до историски најниско ниво по победата на Ердоган

Турската лира падна на речиси историски најниско ниво во однос на американскиот долар, по победата на Реџеп Таип Ердоган во вториот круг од претседателските избори во Турција.

Утринава еден американски долар на пазарите се продава за 20,05 турски лири, додека негативен рекорд е забележан во петокот, кога доларот се продаваше за 20,06 лири, јавува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

Турската валута изгуби повеќе од шест отсто од својата вредност од почетокот на 2023 година, а нејзината вредност падна за повеќе од 90 отсто во последните десет години.

„Победата на Ердоган не им нуди сигурност на странските инвеститори“, смета Хаснаин Малик, експерт во Телимер.

Тој смета дека има мали шанси претседателот на Турција по изборите да се врати на стандардната економска политика.

Во текот на изминатите две години, Централната банка на Турција постепено ја намали референтната каматна стапка, од 19,0 отсто на сегашните 8,5 отсто.

Инфлацијата во Турција, според државната статистичка агенција Туркстат, во април изнесувала 43,68 отсто.

Ердоган во својот говор по изборната победа најави дека високата инфлација е горлив проблем во земјата и дека таа ќе падне, но економските аналитичари се уште се скептични.

Волфанго Пиколи, копретседател на консултантската фирма Тенео, оценува дека новата турска влада нема да преземе целосно стандардни економски мерки, туку донекаде ќе го коригира сегашниот пристап.

Реџеп Таип Ердоган победи во вториот круг од претседателските избори во Турција со 52,14 отсто од гласовите. Официјалните резултати ги објави претседателот на Високата изборна комисија Ахмет Јенер.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново