Партизан доби нов тренер – Џоан Пењароја

Кошаркарскиот клуб Партизан официјално го потврди назначувањето на Џоан Пењароја за нов шеф на стручниот штаб. Шпанскиот стратег пристигна во Белград во понеделник вечерта, а во текот на денешниот ден се очекува да биде и формално претставен пред медиумите и јавноста.

Пењароја ја започна актуелната сезона на клупата на Барселона, но по серијата слаби резултати соработката беше прекината. Раководството на Партизан се одлучи за искусниот тренер со цел стабилизација на тимот и подобрување на резултатите во продолжението од сезоната.

Роден на 20 април 1969 година, Пењароја во својата кариера ги предводеше и екипите на Басконија, Валенсија, Манреза, Бургос и Андора.

Најголемите успеси ги оствари со Бургос, со кој двапати ја освои Лигата на шампионите на ФИБА, во 2020 и 2021 година, како и Интерконтиненталниот куп на ФИБА. Тоа се и единствените трофеи во неговата тренерска кариера досега.

Партизан следниот натпревар ќе го одигра во петок, на 26 декември, кога во Белград ќе гостува Макаби.

Зачлени се на нашиот е-билтен