Руското Министерство за одбрана: Ноќеска пресретнати 141 украински дрон, погодени два резервоара за нафта во Краснодарскиот крај

Системите за противвоздушна одбрана во текот на ноќта пресретнале и уништиле вкупно 141 украински беспилотен летало, соопшти утринава Руско Министерство за одбрана.

Како што пренесува агенцијата ТАСС, една жена е повредена во напад со дрон во Брјанската област, додека два резервоара за складирање нафта се запалиле во пристаништето Темрјук, во Краснодарскиот крај, како последица на нападот.

Според информациите на Интерфакс, пожарот во пристаништето Темрјук зафатил површина од околу 2.000 квадратни метри. Во гаснењето учествувале околу 70 лица, вклучително и припадници на Главната управа на Министерството за вонредни ситуации на Русија за Краснодарскиот крај, со ангажман на 18 противпожарни возила и друга техничка опрема.

Штабот за вонредни ситуации соопшти дека, според првичните информации, нема жртви.

Руското Министерство за одбрана наведува дека 62 беспилотни летала биле соборени над Брјанската област, 12 над Тулската област и 11 над Калушката област.

Во напад со дрон биле оштетени и земјоделски објекти и опрема во Шчербиновскиот округ во Краснодарскиот крај. Регионалната оперативна група соопшти преку својот канал на Телеграм дека нема повредени и дека сите пожари се целосно изгаснати.

Зачлени се на нашиот е-билтен