Трагедија во Индонезија: Почина тренерот на Валенсија

Туристички брод потона во близина на островот Падар, Национален парк Комодо. Продолжува потрагата по исчезнатите

Тренерот на женскиот Б тим на Валенсија, Фернандо Мартин (44), почина откако туристички брод потона во близина на островот Падар, источно од Бали.

Веста го шокираше клубот од Валенсија, кој изрази сочувство на социјалните мрежи. Мартин беше на бродот со сопругата и децата. Несреќата се случи кога бродот потона во водите на Националниот парк Комодо, во близина на островот Падар на истокот од земјата.

„Валенсија е длабоко потресена по смртта на Фернандо Мартин, тренерот на женскиот Б тим на Валенсија, и тројца од неговите синови во трагична бродска несреќа во Индонезија, како што потврдија локалните власти“. Клубот соопшти дека им испраќа поддршка и сочувство на неговото семејство, пријателите и колегите од Валенсија и Академијата во ова тешко време.

Несреќата се случи кога бродот потона во водите на Националниот парк Комодо, во близина на островот Падар на истокот од земјата.

Продолжува потрагата во Индонезија

Според локалниот медиум „Џакарта Глоуб“, индонезиските власти сè уште бараат четворица исчезнати шпански туристи откако туристички брод потона во близина на островот Падар, во областа на Националниот парк Комодо, спроти Лабуан Баџо.

Жртвите, сите членови на исто семејство, биле на бродот „КМ Путри Сакинах“, на кој имало вкупно 11 лица, според локалните медиуми. Бродот претрпел дефект и се превртел во петокот вечерта, наводно поради силни бранови. Седум патници биле спасени.

Зачлени се на нашиот е-билтен