Неработни денови во 2026: еве кога се паѓаат продолжените викенди

Во 2026 година неработните денови се распоредени така што дел од празниците „се лепат“ до викенд и носат продолжени одмори, особено во март, април, мај, август и октомври. За празниците што важат за сите граѓани, важи правилото дека ако паѓаат во недела, неработен е и наредниот ден, па затоа во календарот има неколку „поместени“ понеделници.

За сите граѓани неработни се:

1 јануари (четврток) Нова година,

7 јануари (среда) Божиќ според православниот календар,

20 март (петок) Рамазан бајрам,

13 април (понеделник) втор ден Велигден според православниот календар,

1 мај (петок) Ден на трудот, 25 мај (понеделник) како неработен ден поради 24 мај „Св. Кирил и Методиј“ што паѓа во недела,

3 август (понеделник) како неработен ден поради 2 август Илинден што паѓа во недела,

8 септември (вторник) Ден на независноста,

12 октомври (понеделник) како неработен ден поради 11 октомври што паѓа во недела,

23 октомври (петок) Ден на македонската револуционерна борба и 8 декември (вторник) „Св. Климент Охридски“.

Покрај овие датуми, законот предвидува дополнителни неработни денови за одделни верски заедници и етнички заедници.

За граѓаните од православна вероисповед неработни се и 6 јануари (вторник) Бадник, 19 јануари (понеделник) Водици, 10 април (петок) Велики петок, 29 мај (петок) Духовден и 28 август (петок) Голема Богородица.

За граѓаните од католичка вероисповед неработни се 6 април (понеделник) втор ден Велигден, 1 ноември (недела) Сите светци и 25 декември (петок) Божиќ.

За граѓаните од муслиманска вероисповед неработен е 27 мај (среда) првиот ден на Курбан бајрам.

За припадниците на албанската заедница неработен е 22 ноември (недела) Ден на албанската азбука, за српската 27 јануари (вторник) Св. Сава, за ромската 8 април (среда) Меѓународен ден на Ромите, за влашката 23 мај (сабота) Национален ден на Власите, за еврејската 21 септември (понеделник) Јом Кипур, за бошњачката 28 септември (понеделник) Меѓународен ден на Бошњаците и за турската 21 декември (понеделник) Ден на настава на турски јазик. Овие празници се неработни само за граѓаните на кои им се однесуваат.

Зачлени се на нашиот е-билтен