Швајцарските истражители се обидуваат што поскоро да ги идентификуваат жртвите од пожарот во барот во познатиот скијачки центар Кранс-Монтани, каде што загинаа околу 40 лица, а 115 беа повредени на новогодишната ноќ. Земјата прогласи петдневна жалост за претежно младите луѓе кои ги загубија животите.
Француските медиуми објавија дека сопствениците на барот „Ле Констелашн“ се живи, имено брачниот пар Џесика и Жак Морети, по потекло од Корзика.
Тие го презедоа популарниот бар на скијачкиот центар во 2015 година, а покрај тоа управуваат и со ресторанот „Ле Вие Шале“ во Ленс.
Под нивно водство, некогаш напуштениот бар беше трансформиран во популарен ноќен клуб, едно од омилените места за ноќен живот во Кран-Монтана.
Пријател на семејството потврди за корзиканскиот дневен весник „Корсе-Матен“ дека Морети се живи. Во моментот на пожарот, во барот се наоѓала само Џесика Морети, 40-годишна жена, која претрпела изгореници на раката.
Во исто време, медиумите објавуваат дека профилите на сопствениците и нивните ресторани се затворени на социјалните мрежи. Се додава дека луѓето оставиле бројни коментари за нив, жалејќи се на безбедносните пропусти во самиот клуб.
Еден од вработените во барот рекол дека сите се во длабок шок.
„Изгубивме дел од нашиот персонал, но денес е многу тешко да се зборува за тоа“, рекол тој.
Преживеаните ги опишале моментите на ужас во Швајцарија: „Видов луѓе како горат од глава до пети. Многу шокантно“
Бројот на жртви може да се зголеми
Швајцарски функционер предупреди дека бројот на загинати во пожарот може да се зголеми, пренесува Dnevnik.hr.
Стефан Ганцер, раководител на обезбедувањето за кантонот Вале, каде што се наоѓа ски-центарот, изјавил за француското радио RTL:
„Околу 100 повредени се во критична состојба. Бројот на жртви е ужасен и може да биде полош.“
Снимка: Обид за гаснење на пожарот
#CransMontanaFire: Tragedy strikes at Swiss ski resort! Fire at Le Constellation bar kills 40, injures 115+ during New Year's bash. Police rule out terrorism, investigation underway. Emergency services rush to scene. #SwitzerlandBlast #Switzerland pic.twitter.com/BWLirDV868
— Lokmat Times Nagpur (@LokmatTimes_ngp) January 2, 2026
Видео кое прикажува обид за гаснење на пожарот што се прошири низ таванот на барот „Ле Констелашн“ се прошири на социјалните мрежи.