Лукаревска (СДСМ): Нови 20 милиони евра задолжување на грбот на граѓаните без позната камата

Лукаревска

Нема пари, задолжувањето оди во опасна насока. Власта трупа нови долгови врз грбот на народот. Во Собранието Владата поднела Предлог Закон за ново задолжување од 20 милиони евра, за изградба на фискултурни сали ама без информација за износот на каматната стапка.

Ова го истакна пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска на прес конференција во Собранието на Северна Македонија.

Во продолжение нејзиното обраќање во целост:

Нема пари за плати, нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за нови мерки за поддршка на стандардот на граѓаните. Има само за криминални тендери кои вртат секој ден, и тоа со милонски суми за едни исти фирми блиски до власта.

Недостасуваат 1 милијарди евра. Огромната дупка очигледно власта ќе ја поплнува со нови и нови долгови кои треба да ги плаќаат иднинте генерации.

Веќе Владата се задолжи една милијарда од Унгарија, 660 милиони на домашниот пазар, само во декември 2025 година владата со државни обврзници се задолжи за 100 милиони евра.

Се најавува и кредит од дури 6 милијарди евра.

Светската банка веќе проектира дека јавниот долг оваа година ќе достигне 62,9% од БДП – што не прави најзадолжена земја на Западен Балкан.

Оваа Влада ги турка граѓаните во должничко ропство.

Ова мора да престане. Пратениците на СДСМ ќе се спротистават на ова и на секое идно задолжување.

Власта да го повлече ова задолжување, да ги намали трошоците, да ги снема криминалните тендери и да го намали задолжувањето за да има пари за граѓаните.

Зачлени се на нашиот е-билтен