Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Русија го суспендира договорот со Украина за соработка во Азовското Море и Керченски Теснец

 Руската Државна Дума денеска усвои закон со кој се суспендира договорот меѓу Русија и Украина за соработка во Азовското Море и Керченски Теснец.

Предлог-законот беше поднесен во Долниот дом на рускиот Парламент на 24 мај од рускиот претседател Владимир Путин.

Со Законот Украина го загуби статусот на крајбрежна држава.

Договорот меѓу Русија и Украина беше потпишан во Керч на 24 декември 2003 година. Во него беше истакнато важноста на Азовското Море и Керченски Теснец за економскиот развој на двете земји, како и потребата да се зачува Азовско-Керченскиот воден простор како целосен економски и природен комплекс.

Во февруари Врховната Рада на Украина ги суспендира сите договори за соработка со Русија во Азовско Море. ми/

фото: Е

Зачлени се на нашиот е-билтен