Периметарот на Мицкоски ја доведе Македонија во ранг со Сомалија. Последната одлука на САД е Македонија да биде опфатена во суспендирање на обработката на визи заедно со уште 75 земји, меѓу кои Сомалија, Сирија, Гана, Руанда, Бутан, Нигерија, Иран, Русија…
Ова го исткна на прес конференција Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ.
Тој потсети дека минатата година САД ги зголеми царините кон Македонија, сега од 21 јануари САД ќе биде суспендира и обработката на визи.
„СДСМ подолг период предупредува за штетата од погрешните политики на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ загрозувајќи го стратешкото партнерство со САД и интеграцијата во ЕУ. Најблизок соработник на Мицкоски во Владата е Иван Стоилковиќ, кој има отворени проруски ставови и директни врски со Москва“, посочи Фрчкоски. „Пред само неколку дена го видоме Стоилковиќ како слави заедно со ноќните волци блиски до Путин“.
Јон Фрчкоски нагласи дека паралелно со овие анти американски активности, Владата на Мицкоски води и анти-ЕУ кампања.
„Се продуцираат намерни судири со Грција и Бугарија, се отвораат затворени прашањa, се измислуваат изговори, за да се оправда изолацијата и блокирание преговори. Не се спроведуваат никакви реформи, владата води анти-ЕУ и анти-американска политика, ја води Македонија кон целосна изолација“, рече Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ.
Од СДСМ велат дека паника е голема владее во редовите на ВМРО-ДПМНЕ поради специјалнио Закон за Западен Балкан на САД насочен директно кон борбата против криминалот и корупцијата и ова, велат од партијата, се само први чекори што ги гледаме.
„Следуваат и црни листи, се најавуваат и можни санкции“, рече Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ и додаде дека опозицијата ќе продолжи да ја разоткрива оваа агенда, бидејќи наши стратешки пријатели се САД а местото на Македонија е во НАТО и ЕУ.