Патничкиот авион на „Туркиш ерлајнс“ на рутата од Истанбул денес слета на својата дестинација, аеродромот Ел Прат во Барселона, според вонредна процедура за итни случаи
Причината е што патник за време на летот создал пристапна точка до безжичниот Wi-Fi систем на авионот, чие име содржи закана со бомба, објави агенцијата АП.
Портпаролот на „Туркиш ерлајнс“, Јахја Устин, изјави дека е откриена додека авионот се приближувал кон Барселона.
Затоа, на екипажот му било дозволено да слета според итна процедура.
Шпанската полиција го истражува случајот, а аеродромот работи нормално.
Турската новинска агенција Анадолу објави дека пред слетувањето „бил активиран безбедносен протокол во случај на закана со бомба“ и дека се спроведува „постапката потребна врз основа на меѓународните правила за безбедност во воздухопловството“.