Напаѓачот пред израелската амбасада во Белград бил апсен во Минхен за тероризам

Фото: Google Maps

Малолетникот кој ноќеска нападна припадник на српската Жандармерија пред амбасадата на Израел во Белград и беше ликвидиран, претходно бил апсен во Германија под сомнение за подготовка на терористички акт. Во јули годинава германските власти го депортирале во Србија.

Според сознанија од српската полиција, станува збор за малолетник роден во околината на Шабац. Во мај годинава тој бил приведен во Минхен, откако локалните безбедносни служби се сомневале дека подготвува напад врз еврејската заедница во тој град.

При испрашувањето во Германија, малолетникот детално опишал како преку интернет се радикализирал и се заинтересирал за содржини поврзани со терористичките организации Ал Каеда и Исламска држава. По стапување во контакт со засега непознато лице во Германија, започнал со конкретно планирање на нападот, по што следело неговото апсење и депортација во Србија.

Инцидентот во Белград се случил 15 минути по полноќ пред амбасадата на Израел. Малолетникот извршил напад врз припадник на Жандармеријата задолжен за обезбедување на објектот, по што полицаецот го ликвидирал напаѓачот. Ранетиот полицаец е во стабилна состојба и набрзо ќе биде пуштен на домашно лекување.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека напаѓачот бил приврзаник на Исламска држава и дека безбедносните служби го следеле, но во јавноста останува отворено прашањето како лице депортирано за тероризам успеало да стигне вооружено пред дипломатското претставништво.

По нападот, нивото на безбедносна закана од тероризам во Србија е подигнато на највисок степен, а засилено е полициското присуство на сите клучни локации.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?