СДСМ бара истрага: Се префрлаат ли сомнителни пари од „Алта банка“ во Скопје?

Јавното обвинителство и Народната банка итно да отворат истрага за информациите дека српската „Алта банка“ префрла големи финансиски средства на сметки во Македонија, побараа денеска од опозициската СДСМ.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција се повика на написи во српскиот медиум „Нова.рс“, каде што белградскиот адвокат Иван Ниниќ изнесува тврдења дека од крајот на октомври интензивно се реализираат трансакции на правни лица кон Москва и кон Скопје.

„Дали ова значи дека црните пари, криминалните пари, на соборениот режим на Вучиќ и СНС, сестринската партија на ВМРО во Србија, се префрлаат во Македонија? Јавното обвинителство мора веднаш да постапи, да отвори истрага, да се утврди потеклото на парите и да се спречат сите можни злоупотреби во Македонија. Предупредувавме, еве почнува“ рече Кузеска.

Таа додаде дека токму затоа Христијан Мицкоски и раководството на Народната банка, дозволиле влез на оваа финансиска групација на домашниот пазар и покрај тоа што, како што наведуе, банката се соочувала со забрани и ограничувања од регулаторите во Црна Гора и од Европската централна банка при обиди за купување удели во странски банки.

„Го повикуваме гувернерот на НБМ, Трајко Славевски, веднаш да излезе пред македонските граѓани и да одговори што ќе преземе. А јавниот обвинител да не чека повик по телефон, туку да постапи веднаш.
Истрага. Одговорност. Доаѓа време на вистина и правда“ рече Кузеска.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?