Американскиот државен секретар Антони Блинкен денесака нагласи дека САД соработуваат со Украина и другите сојузници за да изградат консензус за клучните елементи на „праведен и траен мир“ по војната со Русија.
Вашингтон ги поддржува иницијативите на другите земји за ставање крај на конфликтот во Украина доколку се во согласност со Повелбата на Обединетите нации и суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Украина.
„Ќе ги поддржиме напорите, без разлика дали се од Бразил, Кина или која било друга нација – ако помогнат на патот кон праведен и траен мир“, рече американскиот висок дипломат.
Вашингтон ќе продолжи воено да ја поддржува Украина бидејќи предуслов за дипломатија е Киев да успее да се одбрани и да ги одврати идните агресии.
„Агресивната војна на Путин против Украина беше стратешки неуспех“, рече Блинкен.
Говорејќи во Финска, најновата членка на НАТО алијансата, државниот секретар рече дека САД ќе помогнат во изградбата на „украинската армија на иднината“. з