Филипче: Секоја изјава на премиерот е голема лага, едно зборува, а друго прави

Филипче

„Секоја изјава на премиерот е само една голема лага. Не мислам дека е грешка (неприсуството на лидерската средба, н.з.). Не им верувам на луѓето на власта за тоа што едно зборуваат, а гледаме што прават“.

Ова се дел од поентите од одговорот на претседателот на СДСМ Венко Филипче на прашањето зошто не учествуваше на лидерската средба.

За да не биде туку така кажано, како што рече Филипче, тој ги објасни причините за неговата одлука.

„Ги гледате секојдневните аргументи кои ги изнесуваме пред граѓаните во јавност. Ги потенцираме секојдневните проблеми на граѓаните, бараме предлози, решенија, а власта е нема. Еве гледате што прави. Немаат одговори на пршањата“, истакна Филипче.

Наместо одговори тие се обидуваат да дефокусираат со напади против мене, рече лидерот на СДСМ.

„Ме обвинува за згради, за Венеција, за патувања, па еве сега ќе сум земел цела болница, а немаат одговори на прашањата“, додаде Филипче и рече дека како одговорна политичка партија, како опозиција, поставуваат прашања и укажуваат на ризиците со кои што оваа земја се соочува.

„Прашуваме зашто има дупка во буџетот од 2 милијарди евра. Тие прашања до нас доаѓаат и ги споделуваат граѓаните. Ние не ги измислуваме. Прашуваме зашто нема раст на платите во ниту еден сектор. А при тоа, секоја изјава на премиерот е само една голема лага“, нагласи Филипче.

Велат, посочува Филипче, за растот на платите вели имаме колективен договор.

„Треба да имаш пари за да потпишеш анекс на колективниот договор. Тоа власта не го прави. И кажува дека нема пари. Не одговораат за сумнителен капитал кој што влегува преку Алта банка. Кажаа ли нешто? Банката која што е одбиена од Европска Унија дојде кај нас“, укажа Венко Филипче.

Не одговорија, укажа претседателот на СДСМ, зошто вице-премиерот оди на состанок со ноќни волци и луѓе блиски до Путин.

„Тоа го зборува ли некој? Имаат ли одговор зашто државни институции, Лотарија е само една од нив, се исплаќаат луѓе инфлуенсери на јавните мрежи? Каква е тоа злоупотреба на државните пари? Имат ли одговор на тоа? Имат ли одговор на злоупотреба во земједолството? Ги фатија како крадат европски пари? Зошто сме тргнати и ставени сме на листа на трети земји од САД? Наш стратешички партнер. Тие луѓе гледаат што се прави овде. Тие луѓе гледаат што се прави овде. Затоа сме во група на земји со Сомалија и други африкански земји“, бара одговори Филипче за оваа серија прашања.

Нема одговор и што се случува со европскиот пат, продолжи Филипче, и праша зошто се влошуваат односите со соседите?

„Намерно. Бугарите викаат, немаме проблем со македонскиот јазик. Мецкоски вика го вратив името. Доаѓа нота од Грција. Тоа е ли е политичар што води влада? Каде одиме? Знаат ли каде одиме?, продолжи Филипче со прашањата.

Не може да се седне со такви луѓе, потенцираше Филипче.

„Штом седнале Левица и ДУИ, јасно е што прават. Си се договоруваат за своите работи. Нема да им помине дефокусот. Фејк њуз, алфа. Фејк њуз. Ме обвинивте дека имам куќа во Нерези. Доаѓаше ваш колега новинар. И што се случи тоа? Ништо. И ова е истата работа. Имате одговорност за објективно информирање во јавност. Не за вакви црни кампанији и дискретирање“, посочи Филипче.

Тој нагласи дека на лажни вести од кујните на ВМРО нема да одговора и најави дека во СДСМ доаѓаат нови луѓе, се креираат нови политики што ќе бидат презентирани на Конгресот на партијата на 24 јануари.

Зачлени се на нашиот е-билтен