Раст на БДП: Статистика што не се јаде

статистика

Проекциите за економски раст од околу 3 % Владата ги користи како доказ за успешна економска политика, но опозицијата остро забележува дека БДП не ги плаќа сметките на граѓаните. Во реалноста, платите стагнираат, трошоците за живот растат, а економскиот „раст“ останува бројка што убаво изгледа во извештаи, но не и во паричникот.

Критиките се насочени кон фактот дека, според опозициските партии, растот не се преточува во повисоки плати, подобар животен стандард и намалување на инфлацискиот притисок. Тие предупредуваат дека економијата формално расте, но социјалните разлики се продлабочуваат, а куповната моќ останува слаба.

Економските аналитичари предупредуваат дека ваквиот раст е премногу слаб за држава со ниска почетна основа, а уште поалармантно е тоа што е структурно кревок – зависен од потрошувачка и надворешни приливи, наместо од продуктивни инвестиции и индустриски развој. Без сериозни реформи, овој модел, според нив, само ја цементира сиромаштијата на „прифатливо ниво“, без реална перспектива за приближување кон ЕУ-стандардите.

Во декември 2025 година вредноста на синдикалната кошничка изнесуваше 65.492 денари, што значи дека трошоците за живот продолжуваат да растат во споредба со претходните месеци.

Минималната плата изнесува 24.379,00 денари, што значи за месечната кошничка се потребни речиси три минимални плати. Во таква ситуација се околу 40.000 работници во Македонија, односно толку вработени земаат минимална плата.

Зачлени се на нашиот е-билтен