Драма во Париз: Се урна кат од зграда има многу повредени (ВИДЕО)

За време на уривањето на катот од зградата, што се случи кога подот од приватен стан на петтиот кат се урна за време на прослава, едно лице беше тешко повредено и имаше срцев удар

Се урна петтиот кат од станбена зграда во 11-тиот арондисман во Париз врз четвртиот кат во истата зграда, во моментот кога околу педесет лица беа собрани на забава во станот чиј кат се урна при што 20 од нив се повредени, соопшти противпожарната бригада.

За време на уривањето на катот од зградата, што се случи кога подот од приватен стан на петтиот кат се урна за време на прослава, едно лице беше тешко повредено и имаше срцев удар, а 19 лица претрпеа полесни повреди, јавува телевизијата BFM.

Пожарникарите ги извлекоа сите повредени од урнатините, од кои службите за итни случаи пренесоа 16 лица во болница.

Пожарникарите беа известени во 00:20 часот дека петтиот кат од шесткатна зграда на адреса Амело 34 во Париз се урна врз четвртиот кат. После тоа, зградата, заедно со две соседни згради, беше евакуирана, но станарите на двете соседни згради се вратија во своите станови во текот на ноќта.

Зачлени се на нашиот е-билтен