Покрај изгор цени, згора и расипани производи: Агенцијата за храна казни 22 маркети

Како небезбедени се одземени и нештетно уништени над 253 килограми храна – месо и преработки од месо, млечни, кондиторски и други видови производи.

Одземени и нештетно уништени над 253 килограми храна – месо и преработки од месо, млечни, кондиторски и други видови производи, информира преку соопштение до медиумите Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од таму информираат дека во спроведената контрола врз 188 маркети и хипермаркети биле изречени 22 казни во вкупна вредност од 40.000 евра. Акцијата била спроведена од 13 до 16 јануари годинава.

„Кај 10 оператори се утврдени полесни повреди од областа на безбедноста на храната, како неселектираност на разладните уреди, нејасни и нечитки декларации на производите и слично, за што се изречени мерки опомена, а во 2 маркета е констатирано дека вработените лица немаат санитарни книшки“ соопштени Агенцијата.

Од АХБ информираат дека кај 6 од контролираните меркети е утврдено дека немаат имплементирано процедури за примена на правилата на добра призводствена и добра хигиенска пракса, а кај 14 маркети затекната била храна со изминат рок на траење.

Како небезбедени се одземени и нештетно уништени над 253 килограми храна – месо и преработки од месо, млечни, кондиторски и други видови производи.

Зачлени се на нашиот е-билтен