Мицкоски идентично како Филипче: Жан Митрев да поднесе кривична ако има докази за рекет

Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски побара Јавното обвинителство (ЈО) да постапи по допрен глас, со што, практично се согласи дека Жан Митрев доколу има докази дека имал притисок да ја продаде клиниката, да ги стави доказите на увид на ЈО.

Мицкоски го карактеризира овој, наводен случај како доказ за „мафијашки упади“ во системот, инсистирајќи дека институциите биле ставени во служба на приватни бизнис интереси на врвот на СДСМ

„Не сум изненаден, знаевме какви мафијашки упади се случуваа, особено кога се носеа вонредни состојби и со уредби на сила се надсинхронизираа законите и Уставот“, оцени премиерот Христијан Мицкоски на прашање за јавното сведоштво на хирургот Жан Митрев дека Филипче и СДСМ сакале да му ја преземат приватната клиниката.

Филипче вчера категорично демантираше и директно го повика и Жан Митрев да постапи институционално, доколку има какви било докази за наводите изнесени во медиумите.

„Го повикувам Жан Митрев нека отиде кај обвинител и нека поднесе Кривична пријава ако смее, па да одговара по Кривичен закон. Не го прават тоа затоа што знаат дека ќе одговараат, а не вака да ги тужам само за клевета. Е, затоа власта не сака реформи, не сака реформирано правосудство по европски стандарди, за токму ова да го прави“, подвлече Филипче.

Зачлени се на нашиот е-билтен