Пендаровски: Мицкоски неуспешно се крие зад катастрофалните резултати со работи што не ги разбира

Пендаровски

Навистина мислев да не му давам на значење на господинот Мицкоски, затоа што ја разбирам неговата потреба катастрофалните “резултати” од своето досегашно владеење да ги покрива со коментари за работи кои не ги разбира, но, заради јавноста ќе морам да објаснам некои работи кои за жал на “експертот за енергетика” претходно не му ги објасниле неговите “големи правници”.

Ова го напиша на социјалните мрежи поранешниот претседател Стево Пендаровски во врска со денешната изјава на Христијан Мицкоски, во кој тој обвини дека за време на Ковид кризата Пендаровски носел неуставни одлуки.

„Уставниот суд уште пред повеќе од пет години, со мнозинство гласови, ПОТВРДИ дека одлуките за вонредната состојба се во склад со Уставот и законите. Второ, уредбите со законска сила ги носеше и ги имплементираше Владата. Дали таму имало злоупотреби, тоа државните институции кои сега се под тотална контрола на Мицкоски можат да го проверат кога сакаат, ако сакаат“, посочува Пендаровски.

Како трето, наведува поранешниот претседател, сите одлуки за прогласување на вонредна состојба беа доставени од моја страна до Собранието и тоа веднаш по завршувањето на таа состојба.

„Мене ми е јасно дека и ова образложение нема да го спречи Мицковски да продолжи неосновано да обвинува и клевети, затоа што тоа е, за жал, единствениот начин на кој е научен да владее“, истакнува во објавата Стево Пендаровски.

Зачлени се на нашиот е-билтен