Во Шпанија прогласена тридневна жалост

Шпанскиот премиер Педро Санчез го посети местото на железничката несреќа во која загинаа најмалку 39 лица , а 152 беа повредени и прогласи тридневна национална жалост. „Ова е болен ден за Шпанија“, изјави Санчез пред новинарите во јужниот град Адамуз.

На влезот во градот, кој има население од 4.000 жители, два воза од спротивни насоки се судрија вчера во 19:40 часот. Задните вагони на брз воз што сообраќал од Малага до Мадрид се одвоиле и преминале на спротивната пруга, каде што биле удрени од брз воз од Мадрид.

Санчез, кој го откажа учеството на економскиот форум во Давос, Швајцарија, изрази сочувство до семејствата на жртвите. Шпанија ќе прогласи тридневна жалост од полноќ. „Оваа трагедија бара единство“, рече Санчез, чија земја се соочи и со смртоносни поплави во регионот Валенсија пред една година.

Шпанија има најдолга железничка мрежа по Кина, а ова е прва несреќа со брз воз. Во неа загинаа најмалку 39 лица, а властите стравуваат дека бројот на жртви може да се зголеми во наредните часови, бидејќи уште 152 лица се повредени, од кои некои потешко.

„Сите се прашуваме што се случило и како ова можело да се случи“, рече Санчез. „Уверен сум дека експертите ќе ни дадат одговор. Уверен сум дека ќе ја откриеме причината.“

Зачлени се на нашиот е-билтен