Тест, тест… ен-два, ен-два, почнува тестирањето на„Безбеден град“, возете внимателно

тестирањето

Министерството за внатрешни работи започнува со интензивна фаза на тестирање и калибрација на камерите од системо„Безбеден град“ низ Скопје, како последна подготовка пред официјалниот почеток на автоматското казнување најавено за први февруари. Овој процес, кој ќе предизвика привремен сообраќаен метеж и повремени застои. 

Од денеска до 31 јануари од 08:00 до 20:00 часот ќе се врши физичко тестирање на поставената опрема. Оваа фаза е клучна за техничката исправност на системот, бидејќи вклучува прецизна калибрација на радарите и камерите за да се осигура дека мерењата на брзината и детектирањето на прекршоците се апсолутно точни пред системот да стане целосно оперативен. На одредени локации, сообраќајот ќе биде целосно запрен за да се симулираат услови потребни за верификација на уредите.

За време на тестирањето, возилата нема да можат да поминуваат на локациите каде што се врши проверката, па граѓаните треба да сметаат на привремени затворања на улиците.

Локации каде ќе има ограничувања:

  • Центар на Скопје: ул. „Филип Втори Македонски“ (од бул. „Гоце Делчев“ до ул. „11 Октомври“)
  • Општина Ѓорче Петров: ул. „Ѓорче Петров“ и околните делници до црквата „Свети Петар и Павле“ и до „Свети Пантелејмон“, дел од ул. „Козле“ и ул. „Васил Чакаларов“ до Железнички мост на Вардар
  • Општина Аеродром: локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче

Министерството апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите од полициските службеници и да покажат трпение и разбирање, за непречено спроведување на активностите и за поголема безбедност во градот.

Крајната цел на овие активности е целосната функционалност на проектот „Безбеден град“ (Safe City), кој од 1 февруари треба официјално да започне со генерирање на казни за сторени сообраќајни прекршоци. Ова означува крај на долгиот период на толеранција и пробна работа на системот. Камерите, кои се стратешки поставени на клучните крстосници и булевари, ќе имаат можност автоматски да регистрираат пречекорување на брзина, поминување на црвено светло и неправилно престројување. Очекувањата се дека автоматизацијата драстично ќе го намали човечкиот фактор во селекцијата на казните и ќе ја зголеми дисциплината кај возачите.

Паралелно со техничките подготовки, тече и политичкиот процес за легализација на постапките. Вицепремиерот и Министер за транспортАлександар Николоски, упати јавен повик до опозицијата за поддршка на законските решенија во Собранието. Инсистирањето на политички консензус укажува на тоа дека постојната законска регулатива има потреба од допрецизирање за да се овозможи непречено процесирање на дигиталните докази. Николоски го врами проектот не како политичко прашање, туку како натпартиски интерес за спасување на човечки животи, со што се врши притисок врз пратениците да ги изгласаат измените пред крајниот рок.

Зачлени се на нашиот е-билтен