Европa разгледува опции за безбедносна соработка без САД

безбедносна
Number 10, CC BY 2.0 , via Wikimedia Commons

Европските земји разгледуваат опции за безбедносна соработка без САД, поради растечките несогласувања со администрацијата на американскиот лидер Доналд Трамп, објави европското издание „Политико“.

„Високите европски претставници сè повеќе доаѓаат до заклучок дека е време да се признае дека САД под Трамп повеќе не се сигурен трговски партнер, а камоли сигурен безбедносен сојузник“, се вели во статијата. Европските политичари и дипломати сè повеќе дискутираат за потенцијалните последици од долгорочен раскол со Вашингтон. Во таква ситуација, „коалицијата на оние што се волни“, формирана во март 2025 година, потенцијално би можела да „формира основа за нов сојуз“.

Се забележува дека овој формат не ја исклучува соработката со Вашингтон, но не ја зема „како здраво за готово“. Иако Европа долго време дискутираше за потребата да се обезбеди сопствената безбедност без значителна поддршка од САД, во последните денови од Брисел дојдоа бројни иницијативи на оваа тема.

Зачлени се на нашиот е-билтен