Во годишниот извештај насловен како „Бистро-Матно“ на Транспаренси Интернешнл во Македонија се дава сеопфатна слика за состојбата со корупцијата и борбата против неа во земјата.
Катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој откри сериозни коруптивни практики, институционални пропусти и целосно заобиколување на превентивните системи, ја одбележа минатата 2025 година.
Иако истрагата и обвинението беа покренати во законскиот рок, организацијата предупредува дека вистинската борба за правда сепак ќе се одвива во судската постапка.
Во извештајот на Годишен извештај на Транспаренси Интернешнл, пишува дека граѓанските
организации за борба против корупција бараат транспарентна истрага за пожарот во
Кочани, како и реформа на казнена политика. Тие повикуваат на одговорност на
институциите и компаниите, на теренски проверки при вонреден надзор, како и контрола на
имотната состојба на инспекторите.
„Според Платформата на граѓански организации за борба против корупција, потребна е и ревизија на постапките за добивање дозволи и лиценци, вертикална одговорност и итно постапување по насоките на Државната комисија за спречување корупција и Државниот завод за ревизија. „Корупцијата во Северна
Македонија е закана за животот и безбедноста на граѓаните, а не само злоупотреба на јавни
средства. Трагедиите како пожарот во Кочани, Ласкарци, „Беса Транс“, и модуларната
болница во Тетово се директна последица на системски пропусти, политичка заштита,
некомпетентни вработувања и институционална негрижа. И покрај континуираните
ветувања за реформи, не се спроведени суштински промени во контролата, инспекциските
механизми и законската одговорно“, посочува платформата во извештајот.
Вработени во „