Снег во западниот дел од државата и има забрани за тешки товарни возила на планинските превои

снег

Македонијапат утрово известува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.

Снег паѓа во западниот дел од државата и има забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, крак Маврово – Дебар и Струга – гп Ќафасан.

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на дежурниот телефон на ЈП Македонијапат 02  25 61 502.

Зачлени се на нашиот е-билтен