Студиото е снимање, монтажа и продукција Фан продукција Зоран од Прилеп, покажа какви се можностите на вештачката интелигенција во креирањето видеа. Од повеќе историски и документаристички фотографии, изработија видео како пресек на секојдневието на градот и прилепчани во изминатите векови, односно од моментот кога е направена најстарата фотографија искористена во ова видео
„Фотографијата е парче зрак заробен во минатото… Прилеп го оживеавме преку тоа парче светлина што нашите предци го заробиле во фотографијата. Тоа е нашиот аманет да ја продолжиме нивната традиција. Ова е најмалку што можевме да направиме“, напишаа на социјалните мрежи од Фан продукција Зоран.
Зоран Пилоски Пилата, основачот на Фан продукција Зоран, со 30 годишно работно искуство во дејноста на фотографија и видео дополнително ги развива неговите клучни креативни и дигитални вештини во напредни компјутерски програми за обработка на фотографија и видео записи.
Во полето на продукција и фотографија, Зоран е добитник на повеќе локални, државни и меѓународни награди. Па така тој е добитник на Плакета „3то Ноемвриска награда на Град Прилеп“ за успеси во фото и видео, на Филмскиот фестивал Браќа Манаки е добитник на награда „Камера 300” и ,,златна камера 300“, на фестивалот во Пожега – Хрватска е добитник на награда златна плакета „Unica Medal“за едноминутен филм , кој што филм е влезен во најдобрите 20 филмови од светот на UNICA за 2018 година, и добитник е на награда за „Најдобра монтажа“ на државниот натпревар за 2015 и 2020 година. 2020 на Фестивалот Браќа Манаки во Битола добитник на специјална награда за зачувување на трајни вредности за филмот Тишина . 2020 на државниот фестивал за непрофесионален филм освојува (златна плакета за камера и златна плакета за монтажа)