Ристоска без ракавици против ВМРО-ДПМНЕ: Тужбите за перење пари и за клевета ја вжештуваат политичката сцена

Ристоска

Обвинителката Ленче Ристоска отвори фронтален судир со ВМРО-ДПМНЕ, поднесувајќи иницијатива за кривична постапка поради сомнежи за перење пари и незаконско финансирање, како и лична тужба за клевета, потег што веќе ја разбранува политичката сцена и ги подгрева тензиите меѓу правосудството и партиските штабови.

Ристовска јавно порача дека „не се плаши од политички притисоци“ и дека располага со докази кои, според неа, укажуваат на „организирана шема на прикривање париски текови“ преку донации, фиктивни договори и поврзани фирми. „Ова не е изолиран случај, туку системска злоупотреба што мора да добие судска разрешница“, изјави таа.

Во поднесокот до Основното јавно обвинителство и Финансиската полиција, таа бара детална истрага за изборните кампањи на ВМРО-ДПМНЕ, потеклото на дел од донациите и трансакциите со правни лица за кои тврди дека се користени за заобиколување на законските лимити.

Истовремено, Ристовска поднесе и лична тужба за клевета, откако од партијата биле пласирани обвинувања дека таа дејствува по „политички налог“ и дека ја злоупотребува својата функција.

„Нема да дозволам јавен линч и уривање на мојот интегритет. Ова е линија што не смеат да ја преминуваат ниту партии, ниту моќници“, порача таа.

Реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ беше жестока. Од партијата ги оценија потезите како „театар за јавноста“ и „притисок за селективна правда“.

Оттаму додаваат дека е интересно како Ристоска сама се пронаоѓа во изјавите, а наместо да се извини, таа прави дефокус и глуми жртва.

„Таа не е никаква жртва, туку рецидив на системот што голташе жртви и правеше прогон“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Дел од невладините организации и правни експерти предупредуваат дека евентуално игнорирање или одолговлекување на предметот ќе биде сигнал за политичко покровителство. „Ова е тест за државата – или ќе покаже дека има институции што не клекнуваат пред партиски центри на моќ, или ќе ја бетонира перцепцијата за заробено правосудство“, велат амалитичарите.

Во позадина на правната битка се насетуваат и сериозни политички последици. Ако судот ги прифати обвиненијата, тоа би можело да ја стави ВМРО-ДПМНЕ под најголем институционален притисок во последните години.

Зачлени се на нашиот е-билтен