Лавров: Русија e подготвена за контакти со САД за Балканот

лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во вторникот изјави дека Москва комуницира со САД во врска со Балканот и е подготвена да ги развие тие контакти.

„Имаме повеќе можности да комуницираме со САД [отколку со Европската Унија] во врска со Балканот, кога станува збор за Босна и Херцеговина и другите земји во регионот. Овие контакти продолжуваат. Тие сè уште не резултирале со никакви позитивни резултати или нешто друго. Но, ние сме отворени за такви контакти и, доколку можам да проценам, нашите американски колеги се исто така подготвени да ги развијат“, беше цитиран Лавров на прес-конференција, според новинската агенција Ројтерс.

Оваа изјава на Лавров за односите на Русија со САД за Балканот требна да се гледа во контекст на таканаречениот Закон за овластување за национална одбрана, што н 18 декември минатата година, го потпиша американскиот претседател Доналд Трампој, меѓу другото, предвидува дека САД не поддржуваат никаква политика што има за цел промена на границите на Балканот по етнички линии.

На оваа прес конференција Лавров говорел и за договорот што Србија го постигна со унгарски МОЛ за рафинеријата НИС.

„И договорот што штотуку беше постигнат во Србија (се однесува на стекнувањето на удел од страна на унгарскиот МОЛ во српската рафинерија за нафта НИС) е заемно корисен. Патем, (српскиот) претседател Вучиќ исто така го кажа тоа кога дојде во Давос и беше прашан за тоа“, рече Лавров.

Изјавите на рускиот главен дипломат доаѓаат во време кога важни личности во Косово, почнувајќи од претседателот Вјоса Османи, предупредуваат за опасноста од руско влијание во балканскиот регион, додека ја прикажуваат Србија како „продолжена рака на Русија“ во регионот.

Зачлени се на нашиот е-билтен