Компанијата IFL Watches објави на своите страници на социјалните мрежи, кави часовници носат шефовите на држави и влади, лидери на НАТО и колку чинат.
IFL Watches истакнува дека изборот на рачните часовници на лидерите на 32-те земји-членки, претежно предводени од претседатели или премиери, го определува нивниот свој стил на лидерство, позадина, па дури и карактер.
Од триесет и двајцата лидери, IFL Watches имаат „информација“ за 20-мина.

Меѓу оние за кои имаат информација, најскапи часовници на раката имаа премиерот на Белгија Александар де Кро со Франк Милер од 19.000 долари, претседателот на САД, Доналд Трамп, кој често се гледа како носи Vacheron Constantin, вреден 15.000 долари и Роберт Фицо со IWC од 15.000 долари.

Во „средната“ категорија, каде што е и македонскиот премиер Христијан Мицкоски со IWC од 6900 долари, се и Еди Рама (Албанија) со Монблан од 4700 долари и Киријакос Мицотакис со нешто поскап Зенит од 9000 долари.

Како по правило, скандинавците и премиерот на Канада се најскромни: Мете Фредериксен со Скаген од 125 долари, Јонас Гар Стјоре, со Своч од 84 долари и премиерот на Канада Марк Карни со Своч од 100 долари.
Премиерот на Шведска Улф Кристерсон „носи“ Сертина од 1100 долари, а Кир Стармер е забележан со изненадувачки познат Tissot со вафлен бројчаник, вреден 725 долари.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, носи часовник кој е долго носено парче очигледно исполнето со лична историја и спомени на кое е тешко да му се определи вредноста.

Лидерите на Германија, Естонија, Италија и Чешка носат Епл часовници, чија цена почнува од 249 долари.
За останатите 12 лидери IFL Watches нема информации.
IFL Watches е независна дизајнерска компанија и не е официјално поврзана или поддржана од ниту еден од споменатите брендови.